Јаулески: Груби наместо на камен темелник требаше да биде викнат во ЈО

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека тој смета дека наместо на камен темелник Артан Груби требало да биде викнат во Јавното Обвинителство.

„Јас наместо на камен темелник очекував Артан Груби да биде викнат во Јавното обвинителство и наместо со маичка на која што го има бројот 8 да ја има маичката 22 затоа што спорниот тендер за надзор на изведба на овој проект кој што чини милијарда и 300 милиони евра е премногу скандалозно. Она на што сакам да се осврнам е да потсетам на овој скандал  за тендер за надзор кој што го направи Артан Груби каде што се избраа четири фирми од кои што едната фирма е за правење на долна облека од Велес, „Електра Солушн“, додека другата фирма „Ептиса“ имаше негативна референца  одсамата влада каде што имаше заклучок на владата да општините и институциите не соработуваат со неа и во тек додека траеше јавниот оглас за избор на фирма кој што ќе врши  надзор истата фирма замислете добива лиценца“ нагласи Јаулески.

Јаулески истакна и дека договорот за надзор за само четворица вработени ќе исплати хонорари од 900 илјади евра за тие четири претставници на фирми односно по 225 илјади евра.

„Договорот за надзор за само четворица вработени со исплатени хонорари од 900 илјади евра за тие четири претставници на фирми односно по 225 илјади евра. И што е пострашно фирмата за долна облека  што одеднаш стана експертска фирма за спроведување на надзор од тие 22 милиони евра, треба да поминат 8, 3 милиони евра пеку неа. И ако ова не  е аларм  за да седнат што побрзо на обвинителна клупа и да дадат изјава за овој спорен тендер и како во 5 дена склучија конзорциум, од кој што едниот газда на едната фирма е осомничен за слична криминална шема во друга држава“, истакна Јаулески.

 

04.04.2023 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега