Јанчева: Владата има нула денари долг кон ЈСП

Советничката од редовите на СДСМ во Град Скопје во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 кажа дека Владата нема долг кон ЈСП Скопје.

Ако се бара виновник и го лоцираме во Владата, треба да се каже зошто е виновна и кој е тој долг и од кога, вели Јанчева.

„Од каде излезе сумата од 120 милиони денари? Треба ли камата да се плати? Она што е законска обврска на Владата е да овозможи бесплатен превоз на средношколците. Таа обврска е реализирана и велам дека Владата има нула денари долг“, вели Јанчева во гостувањето на ТВ24.

20.10.2022 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега