Илон Маск ја отстранува опцијата за блокирање на „Твитер“

 

Социјалната мрежа Икс (Твитер) ќе ја укине опцијата корисниците да блокираат други профили, објави денеска сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск.

„Блокирањето ќе биде отстрането како функција, освен за директни пораки. Бесмислено е“, напиша Маск.

Блокирањето е популарна алатка која им помага на корисниците да се заштитат од несакани интеракции на социјалната мрежа, пишува „Блумберг“.

Опцијата значи дека блокираните корисници не ги гледаат објавите на лицето што ги блокирало и дека нивните објави не се појавуваат кај корисникот кој ги блокирал.

18.08.2023 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега