Хорор во Задар: Домашно куче до смрт искасало старица

Полицијата во Задар, вчера утрото добила дојава за пронајдена мртва 83 годишна баба, со повреди кои укажуваат на насилна смрт.

Во станот било пронајдено и куче од расата „американски стафорд“.

Според хрватските медиуми, се претспоставува дека кучето и жената биле сами во станот, но засега нема потврда за истото.

Полицијата соопшти дека резултатите од обдукцијата потврдуваат дека жената починала како последица од каснување од куче.

Како што неофицијално пренесува „Индекс“, уапсен е внукот на починатата жена кој го одгледувал кучето убиец, кој се сомничи за кривично дело против општата безбедност.

Инаку оваа раса на кучиња важи за една од најпаметните но и најопасни кучиња.

31.01.2024 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега