ФОТО: Вјоса Османи со највисоки почести пречекана од претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово и можностите за нивно унапредување, европската перспектива на двете држави, актуелните случувања по однос на дијалогот Белград-Приштина, како и состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу да одржат заедничка прес-конференција.

26.04.2023 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега