(ФОТО) СДСМ гробот на Гоце Делчев го преименува во спомен куќа на ФБ, па отпосле се поправија

Владејачката СДСМ, на нивниот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека вчера оддале почит пред спомен куќата на Гоце Делчев. Објавата неколку часа стоеше без да биде корегирана.

Денеска, таа е сменета и зборовите „спомен куќа“ се избришани, а избришана е и една од четирите фотографии.

Инаку во црквата Свети Спас се наоѓа гроб со саркофаг на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Негова желба било да почива во Македонија. Ова е новата, корегирана објава. 

05.02.2023 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега