Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја олеснат изградбата на коридорите 8 и 10 д кои ќе ги гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Со европско знаменце, иако не се работи за усогласување со ЕУ-регулатива, се изгласаа измени на Законот за работните односи, на Законот за експропријацијата, на Законот за урбанистичкото планирање, на Законот за градењето и Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

Измените на законите Владата ги предложи со европско знаменце за да ја избегне блокадата од опозицијата откога првиот обид да се усвојат измените предложени од пратеници, заглави во собраниска процедура.

26.05.2023 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега