Еден починат и тројца повредени со тешка сообраќајна несреќа кај Ресен

Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случила кај Ресен.

-Вчера во 18,00 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско. Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп,  додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега