Две жени се степале во Скопје

 

Вчера во 11:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Русински“ бил нарушен јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу неколку лица, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки констатирале дека настанала расправија помеѓу Н.А.(24) и Д.С.(23), двајцата од Скопје, од една страна и К.К.(25) од Пехчево, И.Д.К.(41) од Кавадарци и О.К.(49) од Кавадарци, од друга страна, по што К.К. физички ја нападнала Н.А.. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега