Дојави за бомби затворија стотици училишта во Јапонија

 

Јапонската полиција започна потрага по лице кое испратило закани за бомби на адреса на стотици училишта.

Поради дојавите за бомби, образовните институции мораа да бидат затворени на кратко. Заканите биле испратени преку факс машини до средните училишта и универзитетите претходно оваа недела од телефонски број регистриран во Токио, објави Би-Би-Си.

Во училиштата не се пронајдени експлозивни направи и нема извештаи за напад на ученици и вработени, соопшти полицијата.

Заканите за бомби се ретки во Јапонија, која е позната по ниската стапка на криминал. Првиот бран на закани започна во понеделникот, при што повеќе од 170 училишта добија закани за бомби во префектурата Саитама, соопштија официјални лица.

Локалните медиуми објавија дека во една порака пишувало дека се поставени 330 бомби, додека во друга порака пишувало „Поставив голема бомба“. Некои извештаи велат дека пораките барале компензација од 300.000 јени (2.320 долари) до три милиони јени (23.200 долари).

Во вторникот, пораките дека учениците и наставниците ќе бидат убиени со рачно изработено оружје пристигнале од истиот број, на адресите на средните училишта во различни префектури, вклучително и Осака, како и Саитама и Ибараки.

Поради заканите, многу училишта во Јапонија се затворени како мерка на претпазливост.

Факс машините сè уште се широко користени во Јапонија.

26.01.2023 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега