Димитриевски од Гостивар: Граѓанското движење се шири, народот се обединува

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека вчера во Гостивар е формирано граѓанско здружение „Движење за прогресивни промени“.

„На средбата со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Љубомир Величковски. Граѓанскиот концепт се шири, енергијата се чувствува помеѓу граѓаните насекаде, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, изјави Димитриевски.

Досега, граѓански здруженија се формирани во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово и Гостивар.

Во месец септември, предвидено е формирање на граѓанско здружение и во Скопје.

26.04.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега