Димитриевски од Гостивар: Граѓанското движење се шири, народот се обединува

Во Гостивар денеска е формирано граѓанското здружение „Движење за прогресивни промени” во рамките на граѓанскиот концепт кој го најавува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

На средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Љубомир Величковски.

– Граѓанскиот концепт се шири, енергијата се чувствува помеѓу граѓаните насекаде, народот се обединува. Продолжуваме и во другите градови во Македонија, напиша Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник претходно најави дека во септември ќе формира граѓанско движење и во Скопје.

25.04.2023 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега