Димитриевски: Недозволиво е под вакви услови да поминат уставните измени

„Јас не сум подготвен да си менувам јазик, да си менувам култура, да си менувам нација за да бидам член на Европската Унија. Македонија е можеби една од малкуте држави во светот којашто го менуваше својот устав во последните 20-тина години како да е еден лист обична хартија, обично тефтерче. Мислам дека е недозволиво во овој момент, под вакви услови да поминат уставните измени, доколку би бил член на Парламентот сигурно дека не би ги поддржал“. Ова вечерва го изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во централниот Дневник на телевизија Сител.

Тој информираше дека со прифаќањето на францускиот предлог којшто не е само француски, туку е генерално европски усогласен предлог, ние овој проблем трансформиравме од билатерален во мултилатерален.

„Ние денеска разговараме со Европа и јас веќе дадов две решенија како да се менаџира проблемот. Едното решение е гласање на Декларација во бугарскиот парламент каде ќе се гарантира македонската посебност, култура, јазик, историја. И доколку тоа не е возможно тоа може да го потврди Европскиот Парламент со одредена декларација кадешто ние како мал народ којшто се води по основните начела на Европската Унија за да се самозаштити од исчезнување, бидејќи таму сакаме да пристапиме и поради европските стандарди, но и поради желбите на останатите европски мали народи коишто ги споделиле тие искуства и всушност се самозаштитиле со влез во Европската Унија да добиеме одредени гаранции“, рече Димитриевски.

Во Дневникот, Димитриевски посочи дека проблемот не доаѓа од наша страна, туку доаѓа од страна на Европската Унија, т.е од држава членка Бугарија.

 

24.04.2023 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега