Детали за несреќата на автопатот Велес-Градско: Маж почина на Клиника

 

Маж загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Градски, информира МВР.

-Вчера во 18:20 часот пред наплатната „Градско“ на автопатот Градско-Велес патничко моторно возило„Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки управувано од С.И.(70) од Велес изгубило контрола излетало од коловозот и се превртело. По незгодата соптникот во возилото Ѓ.М.(70) со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди но од здобиените повреди истиот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега