Деспотовски: Идејата за широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не треба да се фрла низ прозор

„Не мислам дека идејата за соработка меѓу ВМРО и СДСМ беше презентирана со клучен аргумент (мотив) дека ДУИ треба да се стави во подредена позиција” – вака Јован Деспотовски ја коментира идејата на Зоран Заев за широка коалиција меѓу двете најголеми политички партии во Македонија, со цел обезбедување консензус за членство на земјата во ЕУ.

Тој во емисијата Во центар изјави дека верува дека двете најповикани партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) треба да ја споделат одговорноста, како во 2001 и додаде дека не мисли дека идејата (за широка коалиција) треба да ја биде фрлена низ прозор.

„Треба СДСМ да процени која опција е подобра – зошто нешто ми отфрлале ан-блок? Може тоа да е корисно во даден момент, за да се намалат тензиите, онаму кајшто сме комплементарни (со ВМРО) во политиките...” додава Деспотовски.

28.04.2023 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега