Автомобил удри во велосипедист од Скопје - со Брза помош пренесен на Клиника

 

Автомобил удрил во велосипедист од Скопје во Маврово, соопшти МВР.

-Вчера во 17:15 часот на регионален пат Маврови Анови - село Маврово патничко моторно возило „фиат браво“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од О.Д.(25) од село Маврово удрило во велосипедист Ѓ.Н.(42) од Скопје. По незгодата, со возило на итна медицинска помош велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар - велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега