Автомобил излетал од патот Тетово - Попова Шапка, загина возачот


Вчера околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган" со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а  увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

08.04.2024 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега