Авганистан: Загинаа најмалку 20 лица, откако се разнесе бомбаш самоубиец

Дваесет лица загинаа во Кабул, Авганистан, откако бомбаш самоубиец се разнесе пред Министерството за надворешни работи.

Устад Фаридун, талибански претставник во Министерството за информации, рече дека бомбашот самоубиец имал намера да влезе во зградата на министерството, но не успеал.

„Во самоубиствениот напад загинаа 20 луѓе, многумина беа ранети“, рече Фаридун.

Експлозијата одекнала околу 16 часот по локално време, изјави портпаролот на полицијата Калид Задран, додавајќи дека истрагата е во тек.

Министерството се наоѓа во добро обезбеден дел на Кабул, опкружен со контролни пунктови. На истата улица се наоѓаат и други министерства и амбасади на Кина и Турција.

Евакуиран е персоналот на Министерството за надворешни работи. Талибанската влада се соочува со напади од членови на Исламската држава (ИД) кои често ги напаѓаат странските амбасади и други објекти вклучително и руски амбасади и хотел во кој се сместени кинески бизнисмени.

11.01.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега