Апсење во Скопје и Тетово- приведени шест лица

Во изминатите два дена полицијата на неколку различни локации низ Скопје и Тетово уапсила шест лица поради поседување на марихуана.

„На 15.09.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот во с.Мала Речица и патничко возило „бмв“, сопственост на Г.Р.(43) од с.Мала Речица. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Додека, при извршен претрес во стан на ул.„Илинденска“ во Тетово, сопственост на Г.Р., во кој престојувал М.С.(21) од с.Идризово, скопско, а каде повремено престојувал и Г.Р., биле пронајдени  и одземени ќесички со остатоци од марихуана и ризла. За настанот бил известен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 17.09.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Д.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.09.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го лишиле од слобода Б.Л.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 17.09.2020 во 01.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Панајот Гиноски“ го лишиле од слобода И.Ј.(36) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2020 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, ја лишиле од слобода Е.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок“ стои во полицискиот билтен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега