Апсење на граничниот премин „Табановце“- приведени двајца грчки државјани

 

Двајца грчки државјани биле приведени на граничниот премин „Табановце“ откако при претрес од страна на полицијата во нивниот личен багаж било пронајдено марихуана.

„На 15.09.2020 во 09.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за влез во Македонија се пријавило товарно возило „сканија“, со холандски национални ознаки, управувано од Г.В.(32) и совозач И.Т.(32), двајцата државјани на Р.Грција“ соопштуваат од полиција.

При детална контрола од царинските служби, во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана.

Двајцата биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега