Алтернатива: Начинот на кој преговара Алијанса за влез во Влада ги отуѓува другите од блокот за ЕУ

Начинот на кој Алијанса на Албанците преговара за влез во Владата на Ковачевски, нема да обезбеди 80 пратеници за уставни измени туку ќе ги оддалечи останатите партии од владината коалиција од ЕУ блокот, реагираат од партијата на Гаши по информациите дека ако има договор за коалицирање Таравари ќе земе најмалку едно министерство на Алтернатива, а се споменува дури и излегување на партијата од Владата.

- Ние немаме намера да преговараме преку медиуми, како некои други партии.  Имаме принципиелен став: кој има проблем, тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот.  Најпроблематично во целиот овој процес е што начинот на кој се водат овие разговори, само го разводнува целиот блок партии кои се за ЕУ интеграции.   Каква порака кон оние кои го поддржуваат ЕУ проектот праќа овој начин на преговори?  Ако се продолжи на овој начин, останатите партии, само ќе се отуѓат од овој блок.  Така, ќе бидеме дупло голо: ем нема 80 за уставни измени, ем про-ЕУ блокот со нарушен кредибилитет.  Не сакаме да веруваме дека некој сака да го наруши про-европскиот коалициски капацитет.  Кој мисли дека лесно може да ги наруши тие принципи, ќе плати висока цена.  Ние сме подготвени за сите предизвици. - велат од Алтернатива.

Оваа партија влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ по договорот Гаши- Заев точно пред една година за да го засили владејачкото мнозинство во име на ЕУ агендата откако пропадна тогашниот обид на опозизицскиот лидер Мицкоски токму со Алтернстива, Алијанса но и БЕСА која тогаш беше дел од Владата да го сруши кабинетот на Заев.

 

 

 

20.01.2023 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега