Албански државјанин уапсен на „Долно Блаце“ – возилото кое го управувал било во евиденцијата на Интерпол
44-годишен албански државјанин бил уапсен вчера на Граничниот премин „Долно Блаце“.
-Во 16.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при проверка на Б.И.(44) од Р.Албанија, кoј управувал патничко возило „ауди А8“, со албански национални ознаки, било констатирано дека возилото е во оперативната евиденција по барање на Интерпол од Албанија, се вели во полицискиот билтен.
Тој бил лишен од слобода и заедно со возилото се предадени на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
15.09.2020 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа