Аџиоски: Ковачевски да си поднесе оставка затоа што своите граѓани сака да ги направи робови

Продолжуваме со посетите и средбите со жителите на населените места. Бевме во Подмоље, сега сме во Лескоец и Косел и од тука ќе одиме во посета на населеното место Куратица, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски кој заедно со неговиот тим беше во посета на овие населени места.

Од таму, Аџиоски посочува дека незадоволството на жителите е огромно, посебно од последниот Закон за работни односи кој што го протуркаа насилно во Комисијата за европски прашања.

„Го поминаа во оваа комисија и покрај забелешките на евроамбасадорот Дејвид Гир, кој јасно им кажа дека нема ништо европско во овој закон и во сите останати кои што се за изградба на коридорите 8 и 10Д. Нема ништо европско во сомнежот за за пљачка на векот, која ја спремаат Артан Груби и Димитар Ковачевски. Затоа, треба барем еднаш да се охрабри премиерот и да си ја потпише оставката затоа што своите граѓани сака да ги направи робови кои што треба да работат 72 часа во текот на една неделата“, рече Аџиоски додавајќи дека овој премиер нема храброст дури ни за да си поднесе оставка.

Затоа, додаде Аџиоски, потребна е поддршката од народот, за ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник на следните парламентарни избори и со тоа одговорноста да ги стигне сите кои што се огрешиле пред народот.

14.05.2023 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега