Close Menu
    Најново

    Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција

    16.12.2025 во 23:44

    Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци

    16.12.2025 во 23:15

    Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?

    16.12.2025 во 23:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција
    • Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци
    • Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?
    • ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ
    • На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура
    • Нови потпретседатели на СДСМ се Јована Тренчевска и Александар Трајановски
    • Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина
    • Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Проблемите во Скопје се тест за нашата решителност, а ние имаме енергија, волја и план

    Ѓорѓиевски: Проблемите во Скопје се тест за нашата решителност, а ние имаме енергија, волја и план

    29.09.2025 во 20:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Гледам една огромна, насобрана желба. Ја гледам решителноста на Скопје да се издигне од калта и апатијата, да се избори со сите предизвици и сите препреки. Да биде градот кој ќе биде сигурна иднина за нашите млади, но и спокојно и пријатно место за нашите постари. Ќе биде достоинствен дом за сите нас заедно, бидејќи и мојот син, расте тука- во нашето Скопје!

    Ова вечерва на митингот во Скопје го истакна кандидатот за градоначалник на главниот град од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

    Тој истакна дека Општина Кисела Вода стана пример и доказ дека кога има визија и работа, може да се успее.

    -Тоа искуство, тоа наследство, таа енергија сега ја носам во Скопје. Имам кредибилитет и докажана работа зад мене. Имам биографија на исполнети ветувања и задоволни граѓани на мојата општина Кисела Вода. Тоа можеби на некој му звучи како неважно, но е потврда дека Скопје ќе биде во раце на човек кој докажал дека знае да работи, знае да соработува, да ги сослуша граѓаните и да им се најде за секој проблем. Јас не сум функционер, ниту пак сум имал кабинет со затворени врати. Јас се трудам да останам човек во секој поминат ден како градоначалник на Општина Кисела Вода. Затоа денес повторно ви велам. Јас сум Орце, Јас сум прво човек, па дури потоа градоначалник, посочува Ѓорѓиевски.

    Тој истакна дека Скопје денес се соочува со големи предизвици меѓу кои загадениот водух, сообраќајниот метеж, дивите депонии, јавниот превоз кој е на работ на колапс.

    -Ја слушам Јована, мајката од Аеродром која се грижи за безбедноста на своите деца, и на училиште и во сообраќајот. Го гледам Беким, сопственикот на мал бизнис од Чаир кој губи време и нерви барајќи паркинг. Ја чувствувам нетрпеливоста на младиот Никола од Радишани, кој чека автобус што повторно доцни. Го гледам и средношколецот од Волково кој мисли дека нема еднакви образовни услови како своите врсници. Знам дека многумина од вас се чувствуваат заборавено. Дека има граѓани од Сарај, Шуто Оризари, Ѓорче Петров или Ченто кои велат: „Ние не сме третирани еднакво“. Е, тоа време завршува! Јас знам едно: овие проблеми не се посилни од нас. Тие се тест за нашата решителност. А ние имаме сила, имаме волја и имаме план, потенцираше Ѓорѓиевски на вечерашниот митинг во спортскиот центар „Јане Сандански

    Популарно

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27

    Никовски: УМС постојано работи на подобрување на условите со цел младите да останат во Македонија

    16.12.2025 во 19:21

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура

    16.12.2025 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.