Возењето на кратки растојанија при ниски температури е најмалку економично за вашиот автомобил, бидејќи во такви услови потрошувачката на гориво драстично се зголемува.

Според податоците, на температура од -7 степени, возилата трошат во просек до 12 отсто повеќе гориво отколку на пролетни 25 степени. Главната причина е што моторот нема доволно време да ја достигне оптималната работна температура.

Дополнително, студениот воздух е погуст и создава поголем отпор при возењето, а ниските температури го намалуваат притисокот во гумите, што го зголемува отпорот на тркалање. Снегот и мразот на коловозот предизвикуваат пролизгување на погонските тркала, што исто така влијае на празнењето на резервоарот.

За да се намалат трошоците, експертите советуваат да не ги користите предолго греачите на седиштата и одмаглувачите на стаклата. Исто така, по стартувањето на моторот, веднаш започнете со возење бидејќи така машината побрзо се загрева.

Exit mobile version