Легендарната пејачка Зорица Брунцлик веќе со недели води тешка битка со здравјето, а нејзиното отсуство од јавноста ги вознемири колегите и бројните обожаватели. Зорица последен пат беше видена на 2 февруари на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, по што нејзината состојба се влошила.
Според извори за „Србија Данас“, пејачката првично била хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде ѝ била извршена медицинска интервенција – цистоскопија. Сепак, поради сериозноста на ситуацијата, таа е префрлена на Клиниката за хирургија при Универзитетскиот клинички центар на Србија.
„Ситуацијата не е наивна, но Зорица има голема сила и волја да победи“, открива извор близок до тимот лекари кој деноноќно ја следи нејзината состојба. Семејството засега одбива да дава официјални изјави, додека естрадата се моли за брзо закрепнување на легендата.

