Close Menu
Press24
    Најново

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13

    Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него

    23.03.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Трамп оптимист за договор со Иран: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум
    • Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне

    ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне

    25.02.2026 во 11:254 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Секојдневните заложби на функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ се во насока на почитување на Уставот и законите, истите да важат и да се спроведуваат еднакво за сите, се наведдува во реакцијата на ЗНАМ која ја пренесуваме интегрално.

    Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка борба.

    Ниту денес, ниту утре, нема да отстапиме од тие идеали.

    Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните.

    Имено, кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки.

    Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања – тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

    Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата.
    Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност.

    Токму во нивниот мандат почнаа и разговорите за можни „решенија“, за начини на негово враќање, за политички формули со кои ќе се затвори едно прашање што тежеше врз системот.

    Нивното владеење се одбележа и со укинување на член 353 од Кривичниот законик, под изговор на усогласување и реформи, клучната одредба за гонење злоупотреба на службена положба, интервенција директно под покровителство на СДСМ/ДУИ, со која се релативизираше одговорноста на функционери.

    Со едно гласање се затворија или се доведоа до застарување повеќе предмети, спроведоа одлука со длабоки последици, направија амнестија спакувана како европска реформа.

    Кога зборуваат за морал и правда, нека одговорат и за скандалот со вакцините – за доцнењата, за сомнителните договори, за посредниците и милионските обврски во време кога граѓаните се бореа за здравје и живот. Нека одговорат за аферата со марихуаната, каде што лиценци се делеа во сенка на политички врски.

    Нека одговорат за ТЕЦ Неготино, за притворите и сомнежите за штетни договори. Нека одговорат и зошто во кривичната пријава против Артан Груби се споменува и поранешниот премиер и тогашен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски?!
    Дали можеби токму таму лежи вистинската причина за нервозата што ја гледаме?!

    Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси. Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, што отвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност.

    Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.

    И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување.

    Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.

    Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста.

    Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија? Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ?

    Затоа инсистираме, институциите мораат да ја завршат својата работатемелно, транспарентно и без селекција. Правдата не смее да биде алатка на партиите, ниту законите да се кршат за политички потреби. Ако некој мисли дека може да создава магла и сцени пред да се појават фактите, тогаш не го разбира времето во кое живееме. Времето на тајни договори, контролирани институции и политички заштити заврши!

    Али, Зоки, Венко – нема потреба од драматизација, ниту од паника.

    Без разлика колку ќе се препелкате со соопштенија, обвинувања и конструкции – правдата сигурно ќе ве стигне.
    Исходот сите го знаете.

    На крајот, правдата секогаш наоѓа пат…

    Популарно

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13

    Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него

    23.03.2026 во 22:05

    Во Колумбија се урна авион со 110 војници

    23.03.2026 во 21:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.