Close Menu
Press24
    Најново

    Провејува снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата

    23.03.2026 во 08:24

    „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“ – УХМР го одбележува Светскиот метеоролошки ден

    23.03.2026 во 08:21

    Груби останува во домашен притвор

    23.03.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Провејува снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата
    • „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“ – УХМР го одбележува Светскиот метеоролошки ден
    • Груби останува во домашен притвор
    • Премиерот Мицкоски неделата ја почнува со работна посета на Тетово
    • Муцунски во Брисел – Тркалезна маса и важни средби за патот кон ЕУ
    • Чекор напред за македонскиот бизнис во Канада – Прв состанок на Комората
    • Собрание: Седница и средба со американска амбасадорка Варнс
    • Не излегувајте од дома без чадор – УХМР со лоша прогноза за цела недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Златен медал „Браќа Манаки“ за Благоја Куновски Доре

    Златен медал „Браќа Манаки“ за Благоја Куновски Доре

    21.09.2025 во 10:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) годинава востанови ново фестивалско признание, награда Златен медал „Браќа Манаки“, а прв со новото одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ се закити, филмскиот критичар Благоја Куновски Доре.

    Одлуката на ДФРМ токму Благоја Куновски Доре да го добие златниот медал за особен и долгогодишен придонес кон ИФФК „Браќа Манаки“ се темели на факти, а факт е дека Куновски Доре 46 години не пропуштил ниту едно издание на фестивалот, вршејќи разни фестивалски функции.

    -Со Благоја Куновски Доре се боревме да го промовираме македонскиот филм и да го донесеме најдоброто од светот кај нас. Неуморно твореше, работеше и инсистираше за подобрувања на овој фестивал. Куновски е најголемиот филмски критичар во Македонија на сите времиња, најголем презентер на македонскиот филм надвор од границите на Македонија и најголемиот соработник на Друштвото на филмски работници и фестивалот „Браќа Манаки“, истакна секретарот на ДФРМ, Томи Салковски за време на врачувањето на наградата, златен медал „Браќа Манаки“.

    Пред аудиториумот во Битола, лауреатот Куновски Доре, посочи дека е трогнат од доделеното признание и е дел од една кариера исполнета со многу возбудувања.

    -Благодарам на Друштвото на филмски работници за ова внимание. Особено ме исполнува тоа да сум дел од таа организација на филмаџиите и што сум дел од овој наш фестивал кој е еден од ретките, можеби единствен амбасадор на македонската култура. Филмовите и нивните автори сум ги доживувал како мисионери во поставувањето на еден подобар, поубав, похуман и подостоинствен свет во кој живееме, истакна Куновски синоќа во Битола.

    Друштвото на филмските работници на Македонија годинава одбележува 75 години од основањето. 

    Популарно

    Провејува снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата

    23.03.2026 во 08:24

    „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“ – УХМР го одбележува Светскиот метеоролошки ден

    23.03.2026 во 08:21

    Груби останува во домашен притвор

    23.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски неделата ја почнува со работна посета на Тетово

    23.03.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.