Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време

 

Жичарницата на Водно од недела ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

- Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси, се истакнува во соопштението.

Линијата „25“, Транспортен Центар - Средно Водно, од недела ќе сообраќа по есенски режим на работа.

29.09.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега