Поранешниот функционер и дипломат Андреј Жерновски преку видео обраќање на социјалните мрежи упати јавна прозивка со политички контекст во врска со составот на актуелната извршна власт во земјава.

Жерновски се одлучи за несекојдневен начин на коментирање, поставувајќи прашање до јавноста во форма на квиз.

„Наградно прашање во кое што може да учествува секој без разлика на својата, полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното прашање гласи: Денеска во која земја во Европа, односно во светот, после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?“, вели Жерновски во објавата.

Exit mobile version