Противпожарен авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е вклучен во гаснењето на пожарот што избувна во подножјето на планината Богословец, во светиниколско, соопштија од ДСЗ.
Интервенцијата од воздух уследи по ширењето на пламенот на овој терен. Надлежните екипи дејствуваат за да го стават огнот под контрола и да спречат негово дополнително ширење кон поширокиот појас на планината.


