Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за континуирано манипулирање со јавноста. Според Жерновски, терминот „вистинска вистина“ кој го употребува Мицкоски е само параван за, како што рече, неговите бројни излажани ветувања.
Жерновски потсети на ветувањето на Мицкоски од 2019 година дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите, што не се случи.
Обвинувања дека Мицкоски ги излажал гласачите за промена на Преспанскиот договор, притоа премолчувајќи дека тоа би значело враќање на ФИРОМ и напуштање на НАТО.
СДСМ тврди дека власта намерно измислува конфликти со соседите за да ја држи Македонија изолирана.

