Полициски службеници од Полициското одделение Теарце вчера (13 октомври) во 17:30 часот го лишија од слобода 35-годишниот Л.А. од тетовско село, по претходна пријава од неговата сопруга.

Според пријавата, тој во семејниот дом физички и психички ја малтретирал сопругата и ѝ упатувал сериозни закани.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version