Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш

    14.03.2026 во 16:30

    Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје

    14.03.2026 во 15:51

    Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата

    14.03.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
    • Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
    • Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани
    • Армијата го изгасна пожарот на Јабланица, локализиран и огнот над манастирот во Смилево
    • Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жељазков: Бугарија останува на условот за уставни измени за напредок на Скопје кон ЕУ

    Жељазков: Бугарија останува на условот за уставни измени за напредок на Скопје кон ЕУ

    30.11.2025 во 15:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ако властите во Скопје сакаат да бидат дел од ЕУ, мора да го следат патот трасиран со францускиот предлог од 2022 година, порача премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, отфрлајќи ја можноста за каков било нов билатерален протокол кој би дал дополнителни гаранции.

    Жељазков истакна дека не може да има поголема гаранција за Македонија од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание и дека барањето „невидливи влијанија“ кај светските политички играчи нема да го промени бугарскиот став.

    „На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет“, потенцираше Жељазков.

    На прашањето дали Бугарија би направила гест со повлекување на условот за уставни измени, тој одговори негативно.

    „Не мислам дека воопшто постои таков разговор… Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопјe“, укажа бугарскиот премиер во емисијата „Недела 150“.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир

    14.03.2026 во 15:41

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.