– Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 4.2 проценти во одделот Телекомуникации.


