Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска го осуди однесувањето на Русија во војната со Украина, по разговорот со романскиот претседател Нукошор Дан за синоќешното уривање на руски дрон врз станбена зграда во романски град, пишува британскиот весник „Гардијан“.
„Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас. Таа продолжува да ги гаѓа цивилите и цивилната инфраструктура низ цела Украина. И синоќа повторно се покажа дека импликациите од нејзината нелегална агресивна војна не запираат на границата“, рече Руте.
Тој додаде дека ја изразил солидарноста на НАТО со Романија и дека му рекол на романскиот претседател дека НАТО „е подготвено да го брани секој сантиметар од територијата на сојузниците“.
-Војната на Русија мора да заврши, како и непочитувањето на безбедноста на цивилите од страна на Русија. Од наша страна, ние ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите способности за одвраќање и одбрана и ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина додека се брани од руската агресија, рече Руте.
Синоќа, две лица беа повредени кога руски дрон се урна во станбена зграда во источна Романија за време на рускиот напад врз Украина.
Дронот влезе во романскиот воздушен простор и се урна на покривот на зграда во градот Галати, источно од границите на Молдавија и Украина, објави романското Министерство за одбрана.
Романската армија лансираше два борбени авиони Ф-16 и еден хеликоптер, а беше испратено предупредување до населението на пограничната облас


