Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски во интервју за весникот „Нова Македонија” зборуваше за актуелни теми и предизвици со кои се соочува Судот.„
Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите! Резултатот од послушен Уставен суд доведе до состојба на големи предизвици со владеењето на правото, разнишана правна држава, недоверба кај граѓаните. Тоа ли е вистинската заложба и намера на политиката? За тоа ли граѓаните им ја даваат довербата, за да ја саботираат или да ја градат правната држава, истакнува Костадиновски во интервјуто за „Нова Македонија“ со новинарот Христо Ивановски.
Нервозата што со својата работа ја создава кај политиката и кај некои државни органи значи само едно, дека Судот излегол од летаргијата, од компромисноста, и дека добро си ја врши работата. Во последните две години сведочиме на нервозни политички фактори, нервозна Влада, Собрание, зошто? Едноставно со децении уживале во комфорот, се „ладеле“ во сенката на лојалниот Уставен суд. Денес тој комфор повеќе не постои, додава претседателот Костадиновски.


