Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Грција, бил почувствуван синоќа во западните делови на земјава.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 22:17 часот, а неговиот епицентар се наоѓа на околу 200 километри југозападно од Скопје.
Интензитетот на потресот, според првичните податоци, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала.

