Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Exit mobile version