Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија.
Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes).
Сите повредени веднаш се пренесени во локалните болници. Освен лицето кое се наоѓа во животна опасност, останатите четири лица се здобиле со полесни повреди, објави Фокс њуз.
Полициската истрага за мотивите и сите учесници во инцидентот е во тек.


