Ноќеска во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјата.
Според податоците од апликацијата за сеизмичка активност, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтер и длабочина од 15 километри.
Епицентарот бил лоциран во регионот помеѓу Кичево и селата кон Мавровскиот предел, на координати 41.394°N и 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна точка.
Засега нема пријавени материјални оштетувања или други последици.

