Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во наредните денови ќе се одржи средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Информацијата ја сподели преку социјалната мрежа X, каде што наведе дека договорот за средбата е веќе постигнат.

Се договоривме за средба на највисоко ниво – со претседателот Трамп во блиска иднина, напиша Зеленски.

Според него, најавата доаѓа по извештајот на Рустем Умеров, главниот украински преговарач во мировните разговори за ставање крај на војната што Русија ја започна пред речиси четири години. Умеров информирал за неговите најнови контакти со американската страна.

Зеленски нагласи дека претстојниот период може да биде клучен за носење важни одлуки.

Многу работи може да се одлучат пред Нова Година, напиша украинскиот претседател.

Exit mobile version