Зеленски: Успеавме да спасиме само два отсто од украдените деца од Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека помалку од два отсто од „украдените деца од Украина“ се вратени дома.

„Беше можно да се спасат само 300 од над 16.000 деца кои беа насилно депортирани во Русија од почетокот на војната. Очигледно е дека мора да ги вратиме сите деца“, рече Зеленски во својот говор.

„Ќе продолжиме да правиме се за нивно враќање, за враќање на секоја Украинка, Украинец, секое дете. И за вистинската одговорност на сите виновни за оваа депортација, од шефот на терористичката држава до сите извршители,  додаде Зеленски.

17.03.2023 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега