Зеленски со ново барање: Советот за безбедност на ОН да одговори на руските напади

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува против Русија поради воздушните напади врз цивилната инфраструктура, кои повторно предизвикаа масовни прекини на струја низ Украина и соседна Молдавија.

Русија изврши ракетни напади низ Украина во средата, при што загинаа 10 лица и принудно беа затворени нуклеарните централи и прекинато снабдување со вода и електрична енергија на многу места, според украинските власти.

„За само еден ден бевме погодени од 70 проектили. Тоа е руската формула на теророт. Сето тоа е насочено против нашата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски во синоќешното обраќање преку видео врска на состанокот на Советот за безбедност на ОН, пренесе Танјуг.

24.11.2022 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега