Украинскиот претседател Володимир Зеленски нешто пред 18 часот слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Зеленски утре ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ова е негова прва посета на Србија откако стана претседател на Украина.
За потсетување, Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев.
Претседателот на Србија во средината на јули го посети Киев за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина.
Тој тогаш присуствуваше на самитот Југоисточна Европа – Украина, со учество на официјални претставници од Брисел.
Посетата на претседателот на Србија на Киев се сметаше за продолжување на балансирањето на српската надворешна политика меѓу западните сили и Русија.


