Припадници на германската Сојузна полиција вчера (5 август) откриле двајца мажи кои нелегално влегла во Германија преку пристаништето Росток, пристигнувајќи со траект од Шведска и Данска.

Станува збор за 31-годишен македонски државјанин и 25-годишен државјанин на Сирија.

При граничната контрола на македонскиот државјанин било утврдено дека го пречекорил дозволениот престој во Шенген-зоната за 16 дена, со што повеќе не ги исполнувал условите за влез во Германија.

Согласно Уредбата (ЕУ) 2018/1806, граѓаните на Северна Македонија имаат право на престој во Шенген-просторот од најмногу 90 дена во кој било период од 180 дена.

Во вториот случај, 25-годишниот сириски државјанин првично се движел кон Данска, но данските власти му го одбиле влезот и го вратиле назад за Германија.

Германската полиција констатирала дека тој поседува дозвола за престој која во моментот му важи исклучително само за Шведска.

Сојузната полиција во Росток веднаш започна кривична постапка против двете лица поради сомнение за нелегален влез и нелегален престој.

На македонскиот државјанин му е изречен рок во кој е должен самостојно да ја напушти германската територија.

За сирискиот државјанин, пак, полициските служби веднаш покренаа и спроведоа постапка за реадмисија односно враќање назад во Шведска.

Exit mobile version