Зеленски: Подготвуваме одговор на рускиот напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за можниот одговор на денешниот голем руски напад со Олександр Сирски, врховен командант на вооружените сили на Украина.

„Денес го започнав денот со долг разговор со врховниот командант Сирски. Разговаравме детално за одбивањето на овој ракетен напад, нашиот одговор на Русија – го подготвуваме…“

Зеленски рече дека разговарале и за распоредувањето на борбени авиони Ф-16 и операцијата во регионот Курск.

„Продолжуваме со нашите акции во одредени области, бидејќи тоа е неопходно за Украина. Во текот на изминатиот ден, добивме поголема контрола и уште еднаш го наполнивме нашиот фонд за размена“, рече Зеленски.

 
26.08.2024 - 22:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега