Зеленски: По референдумот немам намера да разговарам со Путин

 

Претседателот на Русија, Володимир Зеленски денеска изјави дека по референдумот во областите на источна Украина веќе нема да бидат можни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Референдумот може да доведе до многу трагични ситуации. Луѓето кои нема да се појават на референдумот можат да останат без струја, бидејќи Русите може да им ја прекинат струјата и да им оневозможат нормален живот. Тие ги принудуваат луѓето да гласаат, ги фрлаат во затвори. Ги тераат да одат на псевдореферендум“ – изјави Зеленски за американската мрежа „CBS“.

Украина неодамна почна контра-офанзива во освоените региони од Русија.

26.09.2022 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега