Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето последно вечерно обраќање до нацијата, упати директна порака по обвинувањата кои пристигнаа од Вашингтон. Зеленски беше дециден дека официјален Киев останува посветен на изнаоѓање решение за конфликтот.
„Киев не е и нема да биде пречка за мирот“, изјави кратко украинскиот лидер.
Оваа реакција доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја посочи токму Украина како страна која го забавува евентуалното склучување на мировен договор. На директно прашање зошто сè уште не е решен конфликтот, Трамп одговори само со едно име – „Зеленски“.

