Зеленски: Колку повеќе оружје ќе добие Украина, толку побрзо ќе се ослободи од Русија

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската инвазија е еднаква на агресија врз цела Европа и дека колку повеќе оружје Украина добие од Запад, толку побрзо ќе може да ја ослободи својата окупирана земја.

Зеленски на прес-конференција рече дека со лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија во Киев разговарал за новите европски санкции против Русија и за повоената обнова на Украина.

Претседателот на Украина нагласува дека само обединети напори можат да ја сопрат Русија, пренесе Танјуг.

16.06.2022 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега